ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ
Управителот и раководството на Биросеф го дефинираат основниот фокус во кооперативната политика на Организацијата: нудењето на уникатни комлексни решенија преку проектирање, производство, монтажа и поддршка на целокупни заштитно – безбедносни технолошки решенија, имајќи ги во предвид специфичните потреби на нашите клиенти.
Нашата Визија е обезбедување на опрема со:
Голема сигурност
Висок квалитет
Долготрајност
Работењето според Системот за Управување со Квалитетот согласно меѓународниот стандард ISO 9001:2015 е основна цел за реализација на бизнис стратегијата на Организацијата.
Раководството на BIROSEF ја декларира својата потполна ангажираност во процесите на разработување, имплементирање и поддршка на СУК.
Се со цел да се овозможи континуирано подобрување на квалитетот и конкурентност на пазарот, се обезбедуваат потребните средства, опрема, системи како и обезбедување на стручни и технички обуки на вработените.