СИГУРНОСНИ ВРАТИ

  • Биросеф е единствен производител во Северна Македонија на сертифицирани сигурносни врати по EN 1627. Произведени во согласност со Европскиот стандард за сигурност EN 1627, кое е потврдено со Европски сертификат, издаден од ECB-S.
  • Сигурносните влезни врати, сертифицирани по Европскиот стандард за сигурност EN 1627, овозможуваат поголема заштита на самите објекти, бидејќи истите се тешки за провала.
  • Досегашното искуство покажува дека крадците многу потешко провалуваат во објекти опремени со вакви врати.

    Овие врати се произведуваaт согласно дадени барања и нормативи и во споредба со несертифицираните влезни блиндирани врати, потребно е многу подолго време и поголема вештина за да истите бидат провалени.

  • Вратата е изработена во вид на сендвич од двострани челични лимови и исполна од термо изолациона ПП смеса. Има двострано заптивање со гумена лента, а сето тоа обезбедува топлинска и звучна изолација, како и противпожарна заштита.
  • Крилото на вратата е опшиено со украсна АЛ лајсна и е двострано обложено со медијапан, кој може да биде фурниран или офарбан во нијанса по Ваша желба.
  • Заклучувањето на вратата е со помош на Сигурносна брава која заклучува во повеќе точки..
  • Забелешка: Експертите за безбедност на ECB-S (www.ecb-s.com) за домаќинствата препорачуваат сертифицирани врати EN 1627, класа 2 или 3.



ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ



Управителот и раководството на Биросеф го дефинираат основниот фокус во кооперативната политика на Организацијата: нудењето на уникатни комлексни решенија преку проектирање, производство, монтажа и поддршка на целокупни заштитно – безбедносни технолошки решенија, имајќи ги во предвид специфичните потреби на нашите клиенти.


Нашата Визија е обезбедување на опрема со:
Голема сигурност
Висок квалитет
Долготрајност

Работењето според Системот за Управување со Квалитетот согласно меѓународниот стандард ISO 9001:2015 е основна цел за реализација на бизнис стратегијата на Организацијата. Раководството на BIROSEF ја декларира својата потполна ангажираност во процесите на разработување, имплементирање и поддршка на СУК.


Се со цел да се овозможи континуирано подобрување на квалитетот и конкурентност на пазарот, се обезбедуваат потребните средства, опрема, системи како и обезбедување на стручни и технички обуки на вработените.