Cash transfer safes



  • Касата за трансфер на пари е изработена со две врати, отпорни на куршуми во класа EN 1522 FB2-NS - FB6-NS, кои забравуваат со електромагнетни брави кои се контролираат од внатрешна страна. Вратите не можат да се отворат во исто време (доколку едната врата е отворена, другата е блокирана и обратно).
  • Во горниот дел на касата се наоѓа подвижна сигурносна фиока, преку која можат да се предаваат писма, документи или помали пакети. Над фиоката е вградена рамка со Сигурносно стакло отпорно на куршуми, изработено во класа EN 1522 FB2-NS - FB6-NS.
  • Во случај на престанок на струја, вратите можат да се отворат со помош на клуч.
  • Касата за трансфер на пари е поврзана преку челична рамка со едната страна од Сигурносната просторија и од друга страна со постоечкиот зид.
  • Вкупни надворешни димензии на целиот Cash transfer В 1800 - 2100 х Ш 650 - 750 х Д 650 - 750 mm. (димензиите варираат во зависност од класата на сигурност).


ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ



Управителот и раководството на Биросеф го дефинираат основниот фокус во кооперативната политика на Организацијата: нудењето на уникатни комлексни решенија преку проектирање, производство, монтажа и поддршка на целокупни заштитно – безбедносни технолошки решенија, имајќи ги во предвид специфичните потреби на нашите клиенти.


Нашата Визија е обезбедување на опрема со:
Голема сигурност
Висок квалитет
Долготрајност

Работењето според Системот за Управување со Квалитетот согласно меѓународниот стандард ISO 9001:2015 е основна цел за реализација на бизнис стратегијата на Организацијата. Раководството на BIROSEF ја декларира својата потполна ангажираност во процесите на разработување, имплементирање и поддршка на СУК.


Се со цел да се овозможи континуирано подобрување на квалитетот и конкурентност на пазарот, се обезбедуваат потребните средства, опрема, системи како и обезбедување на стручни и технички обуки на вработените.