Сигурносен влезен систем

  • Сигурносната кабина е изработена во вид на подконструкција од челични профили, опшиени со украсни Ал. профили.
  • Целата конструкција е со степен на сигурност според EN 1627 Class WK2 – WK6, како и со отпорност на куршуми според EN 1522 FB2 – FB6.
  • Во вратите и страниците е вградено сигурносно панцирно стакло изработено според стандардот EN 1063 Class BR2 – BR6.
  • Кабината е со вградена сопствена инсталација, со внатрешна и надворешна светлосна сигнализација, како и тастери за влез и излез. (тастерите може да бидат вградени на самите врати или пак по желба на инвеститорот може и да бидат контролирани од страна на чувар.
  • Сопствено акумулаторско напојување во случај на прекин на електрична енергија.
  • Во внатрешноста на кабината е поставен сензор за присуство.
  • Системот е со опција на Emergency Exit, кој автоматски може да се вклучи преку ПП централата во случај на пожар или паника (или да се контролира од чувар). При ваков случај сите можат непречено да излезат надвор, но неможе да се влезе внатре.
  • Кабината е снабдена и со Total STOP тастер за блокирање на вратите.
  • Вратите имаат вградено електромагнетни брави со отпорност на притисок од 1000 кг., како и брави за дополнително механичко заклучување.
  • Опција за вградување на жичен или безжичен домофонски систем.
  • Опција за дополнително вградување на метал детектор и face recognition.
  • Секоја кабина се изработува според претходно земени точни мерки.


ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ



Управителот и раководството на Биросеф го дефинираат основниот фокус во кооперативната политика на Организацијата: нудењето на уникатни комлексни решенија преку проектирање, производство, монтажа и поддршка на целокупни заштитно – безбедносни технолошки решенија, имајќи ги во предвид специфичните потреби на нашите клиенти.


Нашата Визија е обезбедување на опрема со:
Голема сигурност
Висок квалитет
Долготрајност

Работењето според Системот за Управување со Квалитетот согласно меѓународниот стандард ISO 9001:2015 е основна цел за реализација на бизнис стратегијата на Организацијата. Раководството на BIROSEF ја декларира својата потполна ангажираност во процесите на разработување, имплементирање и поддршка на СУК.


Се со цел да се овозможи континуирано подобрување на квалитетот и конкурентност на пазарот, се обезбедуваат потребните средства, опрема, системи како и обезбедување на стручни и технички обуки на вработените.