Дневно ноќни трезори

  • Депозитните системи за депонирање на пари давaат можност за лесно и брзо депонирање на вреќи или пликоа со пари од страна на клиентите.
  • Клиентот со помош на клуч или картичка, ја отвора вратата од депозитниот отвор и на тој начин има слободен достап во депонирањето на парите.
  • Со затворањето на вратата од депозитниот отвор, парите автоматски влегуваат во сефот, кој може да биде отворен само од овластени лица.




ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ



Управителот и раководството на Биросеф го дефинираат основниот фокус во кооперативната политика на Организацијата: нудењето на уникатни комлексни решенија преку проектирање, производство, монтажа и поддршка на целокупни заштитно – безбедносни технолошки решенија, имајќи ги во предвид специфичните потреби на нашите клиенти.


Нашата Визија е обезбедување на опрема со:
Голема сигурност
Висок квалитет
Долготрајност

Работењето според Системот за Управување со Квалитетот согласно меѓународниот стандард ISO 9001:2015 е основна цел за реализација на бизнис стратегијата на Организацијата. Раководството на BIROSEF ја декларира својата потполна ангажираност во процесите на разработување, имплементирање и поддршка на СУК.


Се со цел да се овозможи континуирано подобрување на квалитетот и конкурентност на пазарот, се обезбедуваат потребните средства, опрема, системи како и обезбедување на стручни и технички обуки на вработените.