ПРОТИВПОЖАРНИ МЕТАЛНИ ВРАТИ (Т30, Т60, Т90, Т120, Т180)



  • Тоа се противпожарни врати кои претставуваат добар компромис од функционалност (поседуваат сертификат) и убав дизајн, така што можат да се вградат било во индустриски објекти (хали, канцеларии), во јавни објекти (школи, сали.. ), како и во репрезентативни објекти (хотели, банки.. ).
  • Изработени се од челичен лим, заштитени од корозија и естетски завршно исфарбани.
  • Внатре се исполнети со специјални противпожарни слоеви, во зависност од класата.
  • Поседуваат заптивки активни во нормалната експлоатација, како и специјални експандирачки противпожарни заптивки, кои се активираат во случај на пожар.










ПРОТИВПОЖАРНИ СТАКЛЕНИ ВРАТИ (F30, F60, F90, F120)

  • Тоа се противпожарни врати кај кои поголемиот дел од површината на крилото се состои од противпожарно стакло.
  • Рамот е изработен од специјални противпожарни профили кои имаат таква конструкција да имаат минимални деформации при пожар, имаат голема крутост да ја издржат тежината на масивното противпожарно стакло и специјално противпожарно полнење.
  • Одлично заптиваат во нормална експлоатација и имаат додатни експанзивни противпожарни заптивки.
  • Имаат многу убав изглед и можат да се вклопат во секаков амбиент. Наменети се за вградување во репрезентативни објекти.

ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ



Управителот и раководството на Биросеф го дефинираат основниот фокус во кооперативната политика на Организацијата: нудењето на уникатни комлексни решенија преку проектирање, производство, монтажа и поддршка на целокупни заштитно – безбедносни технолошки решенија, имајќи ги во предвид специфичните потреби на нашите клиенти.


Нашата Визија е обезбедување на опрема со:
Голема сигурност
Висок квалитет
Долготрајност

Работењето според Системот за Управување со Квалитетот согласно меѓународниот стандард ISO 9001:2015 е основна цел за реализација на бизнис стратегијата на Организацијата. Раководството на BIROSEF ја декларира својата потполна ангажираност во процесите на разработување, имплементирање и поддршка на СУК.


Се со цел да се овозможи континуирано подобрување на квалитетот и конкурентност на пазарот, се обезбедуваат потребните средства, опрема, системи како и обезбедување на стручни и технички обуки на вработените.