Благајнички - депозитни сефови серија K9


  • Касите од K9 серијата се депозитни каси наменети за чување на дневен пазар.
  • Може да бидат анкерирани за под, ѕид, маса или друг потежок предмет.
  • Во горниот дел на касата се наоѓа барабан (кај К 9-1 и К 9-2) или отвор (кај К 9-3 касите), преку кој може да се уфрлуваат пари, документи и сл. и истите може да бидат извадени само од овластено лице.
  • Затворањето е со механизам во два правци, а заклучувањето се врши со помош на една брава која може да биде со касов клуч, со механичка комбинација или електронска брава.






Модел

Надворешни димензии (мм) Внатрешни димензии (мм) Тежина
(кг)
Волумен (dm³)
H W *D H W D
BSD K 9-1 698.5 359 432 530 345 352 71 64
BSD K 9-2 485 292 395 317 282 315 50 28
BSD K 9-3p 600 420 400 460 410 325 57  
BSD K 9-3m 450 420 400 310 410 325 53  
+ 50 mm (зa рачки, шарки, тастатури)


ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ



Управителот и раководството на Биросеф го дефинираат основниот фокус во кооперативната политика на Организацијата: нудењето на уникатни комлексни решенија преку проектирање, производство, монтажа и поддршка на целокупни заштитно – безбедносни технолошки решенија, имајќи ги во предвид специфичните потреби на нашите клиенти.


Нашата Визија е обезбедување на опрема со:
Голема сигурност
Висок квалитет
Долготрајност

Работењето според Системот за Управување со Квалитетот согласно меѓународниот стандард ISO 9001:2015 е основна цел за реализација на бизнис стратегијата на Организацијата. Раководството на BIROSEF ја декларира својата потполна ангажираност во процесите на разработување, имплементирање и поддршка на СУК.


Се со цел да се овозможи континуирано подобрување на квалитетот и конкурентност на пазарот, се обезбедуваат потребните средства, опрема, системи како и обезбедување на стручни и технички обуки на вработените.