ВРАТИ
Произведени во согласност со Европскиот стандард за сигурност EN 1627, кое е потврдено со Европски сертификат, издаден од ECB-S Germany. Сигурносните влезни врати, сертифицирани по Европскиот стандард за сигурност EN 1627, овозможуваат поголема заштита на самите објекти. Досегашното искуство покажува дека крадците многу потешко провалуваат во објекти опремени со вакви врати, бидејќи истите се тешки за провала.
Овие врати се произведуват согласно дадени барања и нормативи и во споредба со несертифицираните влезни блиндирани врати, потребно е многу подолго време и поголема вештина за да истите бидат провалени.
Биросеф е единствен производител во Северна Македонија кој поседува ЕВРОПСКИ СЕРТИФИКАТ ЗА СИГУРНОСТ на врати, согласно стандардот EN 1627, издаден од ECB-S Germany.